Фејсбук започна со бришењето фотографии на корисниците

Социјалната мрежа Фејсбук почна да ги предупредува своите корисници кои внесувале фотографии преку своите телефони дека овое албуми ќе исчезнат.

Оние кои вчитувале слики по телефон, имаа можност тоа да го сторат автоматски од својот уред во  приватниот албум под името „Synced/ Synced from Phone”. Целта на оваа опција беше на корисниците да им се овозможи полесно да ги најдат и споделуваат своите фотографии со пријателите на социјалните мрежи.

Корисници сега се информирани дека овие албуми исчезнат на 7 јули, доколку не ја инсталираат апликацијата „Moments“. Принудувањето за инсталирање на нова апликација предизвика револт кај корисници на Фејсбук, кои претходно беа приморани да инсталираат „Messenger“, ако сакаат да продолжат да комуницираат со пријателите.