Фејсбук, Инстаграм, ВацАп и Месинџер недостапни повеќе од два часа

Фејсбук, Инстаграм, ВацАп и Месинџер попладнево „паднаа“, со што апликациите се недостапни за десетици милиони корисници ширум светот, според специјализираните страници за следење на вакви платформи.

Од компанијата Фејсбук денеска преку социјалната мрежа Твитер соопштија дека се „свесни како некои луѓе имаат проблем со пристап до нивните апликации и производи“.

„Работиме на тоа што побрзо нештата да се вратат во нормала и се извинуваме за можните непријатности“, стои во твитот на Фејсбук.

Слична порака која го потврдува прекинот е објавена и на Твитер профилот на апликацијата ВацАп.