Fedde Le Grand на шестото издание на Green Beach Festival во Охрид

Едно од најголемите имиња во електронската меинстрим музика, светски познатиот диџеј и продуцент Fedde Le Grand, летово доаѓа на шестото издание на Грин Бич Фестивал (Green Beach Festival) во Охрид на 31-ви јули.

Fedde Le Grand е диџеј со голем број хитови зад себе и ремикси на Colplay, Robbie Williams, Michael Jackson, Fatboy Slim, Martin Solveig, Shakira, Sharam и други.

Тој ја започнува кариерата во родната Холандија, по што следува отворањето на неговата издавачка куќа „Фламинго Рекордингс”, која е етикетата под која во 2006-та се објави хитот „Put your hands up 4 Detroit” што му го отвори патот во електро-меjнстримот.

Синглот беше број еден во Велика Британија, Шпанија, Русија, Финска и ред други земји и во истата 2006-та ги освои престижните награди за најдобра андерграунд хаус трака и најдобра брејк – електро нумера.