Фармерките „Levi’s 501“ полнат 140 години

На денешен ден (20 мај) во 1873 година, Levi Strauss и Jacob Davis ги патентирале своите панталони од грубо платно со бакарни копчиња под името Levi’s и ознака „501“, со што официјално започнало масовното производство на популарните „фармерки“. Од овој модел компанијата Levi’s низ децениите го изгради еден од најпрепознатливите светски брендови.