Facebook се соочува со истрага во Велика Британија по скандалозниот експеримент

Фејсбук се соочува со многу поголеми проблеми, отколку само со реакцијата на корисниците, по веста дека социјалната мрежа намерно манипулирала со чувствата на корисниците за време на таен псиихлошки експеримент во 2012.

Регулаторната Канцеларија на комесарот за информации (ICO), во Обединетото Кралство, испитува дали навистина Фејсбук го злоупотребил законот за собирање на податоци за време на студија спроведена врз корисниците пред повеќе од две години, според Financial Times.

Facebook се соочува со истрага во Велика Британија по скандалозниот експеримент

Во текот на студијата, социјалната мрежа ја променила содржина на news feed-от на речиси 700.000 корисници, прикажувајќи им на некои од корисниците повеќе негативни објави, а на некои повеќе позитивни. Корисниците не биле предупредени дека биле користени како тест субјекти, а студијата покрена загриженост за приватноста кога овие податоци беа објавени.

Во овој момент, во британскиот ICO не се сигурни дали Facebook всушност ги прекрши законите. Но, бидејќи Европското седиште на Фејсбук е во Даблин, агенцијата планира да се поврзе со Ирската група за заштита на податоци за ова прашање. ICO може да ги натера организациите да ги променат нивните политики, а максималната парична казна оди до 500.000 британски фунти (857.000 долари). Сепак, тој тип на парична казна (помалку од милион долари) нема да значи многу за  Фејсбук, кој имаше приходи од 2.5 милијарди долари само во првото тримесечје од оваа година. Всушност, каква било парична казна би била симболична.

„Јасно е дека луѓето биле вознемирени од оваа студија и ние ја преземаме одговорноста за тоа. Ние сакаме да се подобриме во иднина и го подобруваме нашиот процес врз основа на овие повратни информации “, вели портпаролот на Фејсбук, во изјава дадена за Mashable.” Студијата беше направена со соодветна заштита на информациите на луѓето и ние сме среќни да одговориме на сите прашања кои регулаторите може да ги имаат.”

Експертите за приватност во САД сметаат дека Facebook веројатно не прекршил ниту еден закон.

Првичните извештаи покажуваат дека во политиката на Facebook за приватност (privacy policy), документ кој го потпишуваат сите корисници на Facebook кога отвораат профил, постои дел:  „анализа на податоци, тестирање и истражување” како можни начини на кои мрежата би можела да користи податоци од корисникот. Сепак, извештајот на Forbes, кој се појави во понеделникот, покажа дека Facebook  го додал ова во политиката на приватност дури четири месеци откако го спровел контроверзниот експеримент.

Превод: М.К.