Рускиот закон против ширење на ткн. „геј пропаганда“ охрабрува и поттикнува стигма и предрасуди, а го прекршува и правото на слобода на изразување, пресуди Европскиот суд на човекови права.
Законот, со кој се забранува промоцијата на хомосексуално однесување на малолетници, постои од 2013 година.
Организациите за ЛГБТ права го опишаа како дискиминаторски и предупредија дека законот често се користи како алатка која цели кон и ја заплашува ЛГБТ заедницата во Русија.
На судењето кое заврши во вторникот, судиите одлучија дека преку усвојување на законот, руските власти охрабриле и поттикнале хомофобија.
Руската влада во одбрана изјави дека „регулирањето на дебатата за ЛГБТ проблемите може да биде оправдано врз основа на заштита на моралот на граѓаните“.
Но, Европскиот суд смета дека властите не успеале да покажат дека слободата на говор ги „девалвира традиционалните семејства“, како што тврдеше Кремљ.
Судиите додаваат и дека има „јасен европски консензус за признавањето на индивидуалците и нивното право јавно да се идентификуваат како геј, лезбијки или било кое друго сексуално малцинство, како и да ги промовираат своите права и слободи“.