„Европа застана до нас, сега е наш ред“ – Протести против Орбан во Унгарија

Околу 1.000 граѓани протестираат денеска против премиерот на Унгарија Виктор Орбан, со барања Владата да ги почитува демократските права и вредностите на Европската Унија, на собирот кој го организираа левичарските опзициски партии.

Европскиот Парламент во средата гласаше за санкционирање на Унгарија поради кршење на основните европските демократски принципи, владеењето на правото и корупцијата, одлука која е без преседан и која го остави Орбан изолиран од неговите моќни сојузници во Парламентот.

Унгарската влада соопшти дека ќе бара законски начини да ја оспори одлуката, сепак тешко е да се очекува дека Унгарија ќе биде суспендирана од гласање во Европската Унија, бидејќи Полска и Чешка веќе рекоа дека ќе го поддржат Орбан и ќе стават вето на такви санкции против Унгарија.

„Европа застана до нас, сега е нашиот ред. Орбан и неговата партија Фидес изгубија во Европскиот парламент, а Унгарија победи“, напишале организаторите на нивниот Фејсбук профил, пренесе Ројтерс.

Демонстрантите на протестот носеа знамиња на Унгарија и на Европската Унија.