ЕУ со мерки за вработување на младите до 25 години

ЕУ со мерки за вработување на младите до 25 годиниСоветот на ЕУ за вработување и за социјални работи постигна договор земјите членки, да применат мерки со кои ќе се осигурат дека младите луѓе до 25 годишна возраст, ќе добијат добри понуди за вработување, продолжување со  образованието, стажирање или обука во рок од 4 месеци откако ќе завршат со школувањето или откако ќе станат невработени.

Препораката е предложена од Европската Комисија, како дел од „Пакетот за младинско вработување“ и таа им дава на земјите членки јасна задача и прецизни чекори кои треба да бидат превземени, за да се намали стапката на невработеност помеѓу младите.

„Комисијата е подготвена да направи достапни и значајни финансиски придонеси од Европскиот социјален фонд и други структурни ЕУ фондови. За Комисијата иинвестицијата во „Иницијативи за гаранција за младите“  е клучен трошок ако ЕУ сака во иднина да го зачува својот потенцијал за растење“, се вели во соопштението.

Имплементирањето на „Гаранција за младите“ бара од земјите членки утврдување на силни партнерства со училиштата и унверзитетите, оние кои пружаат образование, службите за вработување, социјални партнери, стручни лица за вокативно советување, служби за подрршка на младите и младински организаци, за да осигурат рана интервенција и дејствување. Земјите членки можат целосно да го искористат Европскиот социјален фонд и другите структурни фондови и од нив ќе се бара да ги проценуваат и редовно да ги подобруваат нивните иницијативи за „Гаранција за младите“. Понатаму, Европскиот совет одлучи да креира „Иницијатива за вработување на младите“ при што одвои шест милијарди евра за периодот од 2014 до 2020 година, кои треба да се распределат за регионите каде невработеноста на младите надминува 25%. Овие фондови ќе бидат достапни за имплементација на „Гаранцијата за младите“.

Во ЕУ, 23.4% од младите до 25 години се невработени додека оваа бројка во Грција и Шпанија изнесува над  55%. Бројката на млади луѓе на возраст од 15-24 кои не се вработени, не добиваат образование или обуки е 7.5 милиони. Економските трошоци поради неинтегрирањето на младите луѓе на пазарот на трудот се огромни – над 150 милијарди евра годишно или 1,2% од БДП на ЕУ, се вели во истражувањето на Еурофонд. Некои земји, како што е Бугарија, Кипар, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија и Полска плаќаат 2% од нивниот БДП  за да ги покријат трошоците за младите лица кои не се во работен однос, не учат и не се обучуваат.