„Ербнб“ дозволува да се откажат сите резервации со целосно рефундирање на средствата

„Ербнб“ ќе ја обнови својата полиса за резервации со цел да им дозволи на гостите од целиот свет да добијат целосно рефундирање“, соопштила компанијата во саботата.

Портпаролот на компанијата соопштил дека дополнувањето на полисата е одговор кон неочекуваните настани и глобалниот застој кој го предизвика ширењето на вирусот coVid- 19″.

„Оваа полиса одговара на досегашните резервации за престој, направени пред 14 март, 2020 година, со датуми на напуштање помеѓу 14 март, 2020 и 14 април, 2020“, дополнил тој.

Директорот на „Ербнб“, Брајан Чешки, изјавил дека со новата полиса, гостите можат да побараат целосно рефундирање.

„Најпрво, „Ербнб“ ќе им дозволи на корисниците да го откажат својот престој и да си ги вратат сретствата, а компанијата нема да ги наплаќа овие резервации. Не сакаме нашите корисници да се чувствуваат дека не можат да патуваат поради губење на сретствата“, изјавил Чешки на својот „Твитер“ профил.

First, Airbnb will allow guests around the world to cancel and get their money back. We will not collect fees on these bookings. https://t.co/XmE6AvQACA

Досега, компанијата одбиваше да врши рефундирање на сретствата, па изборот беше оставен на политиките на домаќините. Рефундирање на средствата беше гарантирано само за неколку земји од листата на компанијата.

Еден ден пред вчерашната објава, „Ербнб“ ја обнови полисата за резервации направена за во САД, Кина, Јужна Кореа и Италија. Но, како што коронавирусот се прошири низ светот и инфицираше повеќе од 153,000 луѓе, поголем број на земји ги затвораат своите граници.

На својот „Твитер“ профил, Чешки искоментирал дека и досега, домаќините независно одлучувале за рефундирање на гостите, додавајќи дека компанијата веќе размислува како да ги поддржи домаќините кои би го изгубиле профилот поради затворањето на границите.

„Нашите домаќини се покажаа како херои. Поголемиот дел од домаќините одлучија да овозможат делумно или целосно рефундирање на нивна сметка. Знаеме дека тие зависат од парите кои ги заработуваат преку нашата компанија, а 50% од нив преку тие средства го отплаќаат својот кредит или кирија. Веќе работиме на храбри идеи за поддржување на домаќините и наскоро ќе објавиме нови вести“, изјавил Чешки во соопштението.

Резервациите на „Ербнб“ опаднаа поради низа на откажани настани, откако ЗСО објави епидемија, односно пандемија на коронавирусот.

Извор: Insider