Епл го претстави новиот помал и поевтин паметен телефон

Епл ја претстави преработената верзија на својот четири инчен iPhone 5S, или новиот iPhone SE. Тој е најмалиот паметен телефон во досегашната постава на компанијата и е првиот паметен телефон со помал екран од 4,7 инчи, откако  iPhone 6 беше објавен во септември 2014 година.

iPhone 5S има слична форма на iPhone 5S од 2013 година, со метално куќиште, екран на допир и флеш камера. Телефонот ќе биде достапен во црна, бела, златна и розова маска. Иако надворешноста на телефонот наликува на iPhone 5S, од внатре е сличен со iPhone 6S, користејќи Епл A9 процесор, со NFC чип, 12-мегапикселна камера.

iPhone SE има двојно повеќе моќ на процесирање и четири пати поголеми графички перформанси во споредба со iPhone 5S, како и подолго траење на батеријата.

Паметните телефони со поголеми екрани се покажаа популарни и им овозможија на произведителите да додадат повеќе функции. iPhone SE ќе биде пуштен во продажба на 31 март, со можност за нарачки од 24 март и ќе чини 399 долари.