Еко Герила: Југохром сè уште без филтри, Владата молчи

Од еколошкото движење „Еко Герила“ реагираат што помина еден месец од крајот на третиот продолжен рок за Југохром да стави филтри, но тоа сè уште не е спроведено. Тие бараат од Владата во најкраток можен рок да излезе со одлука за ова прашање.

„Дека оваа Влада се грижи само за личната корист на олигарсите, а не за интересите на мнозинство на граѓани го докажува уште еднаш во случајот на Југохром. Помина еден месец од крајот на третиот продолжен рок за овој канцероген загадувач , за да го започне процесот на поставување на филтри, а Владата продолжува да молчи.

Врз основа на потврдата од страна на Министерство за животна средина и просторо планирање , Југохром ги нема реализирано предвидените работи кои се дефинирани во Оперативниот план. Со оваа овој загадувач продолжува со труење и уништување на здравјето на околу 300 илјади жители на Тетово и околината.

Движењето Eco Guerilla бара од Владата на РМ во најкраток можен рок да излезе со одлука за оваа мошне загрижувачко прашање за жителите на Тетово и околината.

Ја изразуваме нашата огорченост за заобиколување и тенденциозно одолговлекување од еден месец за донесување на одлуката во согласност со законите.
Толеранцијата на загадувачите во неспроведување на дополнителни рокови кои до сега се продолжувани три пати, е кривично дело за кое ќе барааме законска одговорност од надлежните лица.
Овој пат бараме од Владата строго да го примени Уставот и законите на Република Македонија , така што истите ќе вредат како и во случајот на Макстил во Скопје , така и за Тетово.

Eco Guerilla како граѓанско движење повеќе од година дена врши сензибилизирање на јавноста и одговорните институции за овој проблем.

Секоја евентуална одлука која ќе биде спротивна на Уставот и законите од страна на Владата ќе придизвика поостра рекација од страна на граѓаните “, стои во соопштението на „Еко Герила“.