Египетски студент доби казна затвор поради објава на Фејсбук дека е атеист

Карим Ашраф Мохамед Ал-Бана е 21-годишен студент од Идку, град во северниот дел на Египет кому египетскиот суд му одреди затворска казна од три години поради навреда на исламот откако полицијата открила дека студентот се прогласил за атеист на Фејсбук. Студентот бил малтретиран поради неговите атеистички погледи и неговиот татко сведочел против него.

Тој беше упасен во ноември откако отишол во полиција да го пријави својот татко за малтретирање. Полицијата открила дека причината поради која студентот бил матретиран е бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук се прогласил за атеист.

Студентот бил држен во притвор до судењето поради навреда на исламот.

Овој случај не е прв кога станува збор за судење поради атеизам во Египет. Во 2013 година, друг студент бил задржан 15 дена во притвор бидејќи на Фејсбук направил група именувана „атеист“.

Според египетскиот Устав, исламот е религија на државата и начелата на исламскиот шеријат се главен извор на законодавството. До декември, минатата година, во Египет имало 866 атеисти што претставува 0.001 процент од 87-милионската популација, се вели во статистиките на одделот за религија на египетските власти.

Извор: Daily Mail RT