Единаесет починати лица и 305 новозаболени од коронавирусот последниве 24 часа

Министерството за здравство информираше дека претходново деноноќие регистрирани се 305 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 2.533 тестирања.

Новите случаи, според градови, регистрирани се во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22,  Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Последните 24 часа пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г, 72г, 67г, 57г), 3 пациенти од Прилеп  (79г, 71г, 70г), 2 пациенти од Гевгелија (85г, 71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Изминатово деноноќие Институтот за јавно здравје има регистрирано и 167 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.

Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-553, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-121, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина -1, УК Пулмологија со алергологија –1, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Авицена-318, Биотек-348, Систина-318, Лаор–424, Синлаб-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 238.

Досега во земјава се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19.