Џез легендата Херби Хенкок ќе добие „Греми“ за животно дело

Џез легендата Херби Хенкок, рок бендот „Jefferson airplane“, раперите од Run-DMC, како и голем број на други ѕвезди ќе ја добијат престижната награда „Греми” за животно дело за 2015 година.

Ова признание се доделува секоја година на уметници кои имале значителен придонес за музичката индустрија и културата како целина. Оваа година церемонијата е закажана на 15 февруари.

Награда за животно дело ќе добијат и пејачката Линда Ронстад, кубанската пејачка Селин Круз, една од најпопуларните пејачки во Латинска Америка која почина во 2003 година, како и кралицата на блуз музиката Рут Браун, кој почина во 2006 година.

Меѓу фаворитите за „Греми“ оваа година се американската пејачка Телјор Свифт и раперот Кендрик Ламар. Британската пејачка Адел, чиј албум „25“ е прогласен за најпродаван албум во светот во 2015 година, не се најде на списокот на номинации, бидејќи албумот е издаден по рокот за пријавување.

Првото издание на „Греми“ наградите се одржало во 1959 година и нив ги доделува американската Академија за дискографска уметност и наука. Оваа награда се доделува за разни музички жанрови, меѓу кои џез, блуз, кантри, поп, рок.