Во дванаесет општини низ Македонија изминативе две години беа формирани младински совети кои треба да помогнат во вклучување на младите при носењето одлуки на локално ниво. Формирањето на советите се случуваше во рамките на проект на Младинскиот образовен форум и Центарот за интеркултурен дијалог, кои денеска ја организираа конференцијата „Младите одлучуваат” за да ги споделат искуствата од овој процес, но и да потсетат на потребата од вклучување на младите во процесите на одлучување.
Сања Божовиќ, проектен координатор во МОФ соопшти дека низ процесот на создавање на советите беа обучени повеќе од 300 млади лица од општините вклучени во проектот и е креирана мрежа за споделување на знаењета и позитивни практики. Флорим Реџепи од Центарот за интеркултирен дијалог пак се заблагодари на поддршката на локалните власти кои им излегоа во пресрет и појасни како течеше целиот процес.
„ Првата фаза почна со мапирање на младинските организации или младинските форми на здружување бидејќи се работи за 12 општини, секоја е специфична по структурата на младите. Потоа продолжи со формирање младински јадра, иниицијативни одбори, за на крај да се формираат самите младински совети кои зависно од општината, работеа на развивање локални младински политики, како што се локалните младински стратегии“, појасни Реџепи.
Претставникот на Делегацијата на ЕУ, Роберт Лидл ја отвори конференцијата потенцирајќи дека младите и младинските се приоритет на ниво на Европската унија и наскоро тие ќе го водат општеството и ќе работат во него. Тој посочи дека Европа е загрижена за исполнување на очекувањата на младите и потсети на важноста од постоењето дијалог меѓу заедницитe, побара да се поттикне дијалогот со властите и да се укаже на важноста на младите кои треба да бидат повеќе вклучени во процесите.
„Ке работиме со вас на долг рок, ова не е нешто што ќе заврши со овој настан, младинските прашање се важни. Но, вие сте тие кои исто така ќе треба да работат, да се жртвувате, вклучите, не може некој друг тоа да го прави за вас“, побара тој.
Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, пак во својот говор го поздрави проектот, објаснувајќи дека една од основните улоги на граѓанинот на локално ниво е да учествува во консултативни прооцеси и процеси на одлучувања. Тој истакна дека олекува позитивните искуства да продолжат и во другите општини и нагласи дека ќе поддржи секоја иницијатива што ќе овозможи младите да бидат сплотени како младите присутни на денешната конференција во Еу Инфоцентарот во Скопје.
Проектот за формирање на младинските совети беше реализиран во периодот декември 2013 – јули 2015, во општините: Центар, Чаир, Липково, Велес, Тетово, Дебар, Струга, Битола, Кичево, Неготино, Делчево и Кратово.