Двајца музичари ја отсвирија композицијата од „Star Wars“ на Џон Вилијамс во неговиот двор

Музиката во играните филмови „E.T: The Extra-Terrestrial“, „Superman“, „Schindler’s List“, како и серијалите „Star Wars“, „Indiana Jones“, „Jaws“, „Jurassic Park“, и „Harry Potter“, се дел од најпрепознатливите композиции, чиј автор е Џон Вилијамс.

Со желба да му оддадат почит на овој музички гениј, 13-годишниот Брус Хајаши и Мајкл Милер застанаа пред дворот на Вилијамс во Лос Анџелес и му ја отсвирија главната тема од „Star Wars“.

Иако не очекуваа, Вилијамс излезе и ги поздрави двајцата млади музичари. 84-годишниот композитор, откако заврши со компонирањето за „Star Wars: The Force Awakens“ и новиот филм на Стивен Спилберг „The BFG“, тој потпиша договор дека ќе ја направи музиката и за наредните две продолженија на франшизата за „Star Wars“, како и за пресојниот петти филм од серијалот „Indiana Jones“.