[Обновено] Дубиоза Колектив настапува во 13:30 на Филозофски факултет

Познатиот босански бенд „Дубиоза колектив“ денеска доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на платото пред Филозофскиот факултет во 13:30 часот, како поддршка за окупацијата на студентите.

Бендот на својата официјална страна објави дека се на пат кон Скопје.

„On the road to #skopje #АвтономнаЗона #dubiozagram #dubiozakolektiv #ontheroad“, се вели во постот на Фејсбук.

PMG Recordings на нивната Фејсбук страна објавија дека Kanton6 заедно со Bernays Propaganda исто така ќе свират на платото пред факултетот.

Денеска е осми ден од окупацијата на студентите кои се против новодонесениот Закон за високо образование со кој се воведува државниот испит во високото образование. Студентите бараат укинување на државниот испит, изработка на нов и квалитетен Закон за високо образование, како и подобрување на лошите состојби во образованието.