Дрвена книга со серија загатки што треба да се решат за да се отвори текстот

Со спојување на две занимации-книги и загатки, Кодексот Силенда (Codex Silenda) мора прво точно да се реши, за да може да се прочита. Специфичната дрвена книга не содржи само едноставни игри на зборови и лесни математички проблеми, туку комплицирани механички загатки направени од ласерски изделкано дрво кои се вградени во секој дел од овоа дебела книг со 5 страници.

Решението на секоја загатка физички ја отклучува следната страница. Како што читателот се движи низ кратката приказна од книгата, исто така, мора да ги решава загатките врежани на страниците од спротивната страна на текстот.

Книгата ја создаде индустриски дизајнер Брејди Витни, кој во моментов собира финансии за својот проект на Кикстартер, кој се покажа повеќе од успешен.