DrumClinic #2 со тапанарот Алек Секуловски во Котур

Skopje Drum Talks организира второ јавно предавање, овој пат со познатиот тапанар Александар Секуловски.

Тој е тапанар кој е активен повеќе од 25 години. Како доцент по џез тапани на Универзитетот „Гоце Делчев“, имал шанса да предава и води многу млади музичари низ процесот на спознавање на овој инструмент, притоа пренесувајќи го своето огромно искуство.

Својата едукација ја стекнал на Академијата „Панчо Владигеров“ во Софија каде ги завршил додипломските студии по поп и џез тапани, додека магистерската диплома ја добил на New Bulgarian University, исто така во Софија, Бугарија.

Алек е, веќе долги години, посветен на предавањето. Држел курсеви за магистерски студии на тема мелодично и креативно свирење, бил ментор за перформанс, додипломски студии за џез тапани, светски ритми, џез ансамбл. Исто така предавал рок и џез тапани во приватното музичко училиште Music School Enterprise – Музичко училиште Ентерпрајз во Скопје.

Освен предавањето на различни факултети и училишта, тој одржал и неколку клиники во Македонија, Бугарија, Франција и Канада. Тој денес е професор по тапани во Metalworks Institute of Music во Торонто, Канада.

Предавањето ќе се случи на 18 јули во Котур, со почеток во 19 часот.

Влезот е бесплатен.