Дрон регистрираше уште едно изолирано домородно племе во бразилскиот дел од Амазонија, во мисијата на Агенцијата за домородци Фунаи, која ги набљудува изолираните етнички заедници.
Според Фунаи, на снимките се гледаат 16 луѓе како ги вршат своите секојдневни активности на полињата и во џунглата, користејќи меѓу другото, и лак и стрела.
Ова се луѓе кои немале контакт со надворешниот свет.
Племето чиешто име се уште не се знае, е откриено во областа Вало до Џавари на југозападот од Амазонија, на границата меѓу Колумбија и Перу.
Агенцијата досега регистрираше 107 изолирани домородни племиња, а со повеќето засега не е остварен контакт.
Тринеделна експедиција лани вклучи и патување од 112 милји долж реките, а потоа возење со мотори и 75 милји пешачење низ густа џунгла.