Драменбејс загревање за Пиволенд 2013

Драменбејс загревање за Пиволенд 2013Како најава за претстојниот традиционален фестивал „Пиволенд“, вечерва (8 септември) на Градската плажа, Камен мост ќе се одржи драменбејс промо-журка.

Притоа посетителите ќе можат да уживаат во микс од драменбејс, дабстеп, брејкбит и џангл звуци во траење од 4 часа.

За време на настанот ќе настапат три нови и надежни имиња на македонската клабинг сцена: Владимир Кесковски – Кеско, Симон Кипровски – Дред и Нерсес Малајкан.

Иницијативата за настанот доаѓа од Скопје Вавилон – нова форма на активизам, која обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје.

Журката започнува во 22 часот, а влезот е бесплатен.