Доналд Гловер го издаде својот нов албум „3.15.20“

Најавен минатата недела преку 12 часовен стрим, новото издание на Доналд Гловер содржи соработки со најразлични музичари.

Пред неколку дена, се појави одбројување на веб сајтот на Доналд Гловер, на кој пред извесно време беше истакнат 12 часовен стриминг со нова и необјавена музика. Тајмерот го одбројуваше објавувањето на новиот албум на музичарот со псевдонимот Чајлдиш Гамбино.

Албумот „3.5.20“ се состои од 12 траки, а само две од песните имаат конкретно име; „Алгоритам“ и „Време“.

На албумот се појавува и Ариана Гранде, додека честиот соработник на Доналд Гловер, композиторот Лудвиг Горансон се јавува како продуцент и текстописец.

На „Греми“ наградите во 2018, Гловер им најавил на репортерите дека ова ќе биде последниот албум издаден под псевдонимот Чајлдиш Гамбино.

„Сакам краеви, сметам дека тие се многу важни за прогресот. Мислам дека доколку многу нешта имаа конкретен рок на траење, би немале толку проблеми во светот, да бидам искрен. Краевите се добри бидејќи присилуваат нештата да се подобрат“, изјавил тој.

Албумот „3.15.20“ можете да го преслушате преку обновеното стримање во живо.

Извор: Dazed&Confused