Документарецот за Eagles of Death Metal повлечен од филмски фестивал после Париските напади

The Redemption of the Devil нема да се прикажува на Интернационалниот фестивал на документарен филм во Амстердам.

Документарецот за фронтменот на Eagles of Death Metal беше повлечен од репертоарот на филмскиот фестивал, поради стравување дека ќе биде „нечувствително“ после минатонеделните напади во Париз.

Вкупно 89 лица починаа во концертната сала Батаклан, кога вооружен терорист упадна на концертот на бендот минатиот петок (13 ноември). Вкупно 129 лица беа убиени, а околу 350 повредени во серијата насилни напади во францускиот главен град. На концертот имаше најголем број на жртви.

The Redemption of the Devil беше објавен на почетокот на годинава и е веќе достапен за гледање онлајн. Сепак, требаше да се прикажува на фестивалот во Амстердам кога организаторите решија да го тргнат од програмта. BBC News јавува дека сметале дека е „непристојно“.

Извор: NME