Документарец за историјата на музиката во видеоигрите

Музиката во видеоигрите се унапредува заедно со развојот на технологијата. Поради тоа, неколку обожаватели на видеоигри го финансираа реализирањето на документарецот Beep: A Documentary History of Game Sound, кој ја прикажува токму еволуцијата на музиката и звукот во видеоигрите.

Документарецот содржи интервјуа со дел од најпознатите композитори на музика за игри, како Марти Одонела ( „Halo“), Нејтан Меккри („Tomb Raider“), Нобуи Уматсу („Final Fantasy“).