„Dogs in Kavala“ ќе свират во СЦ „Дуња“

Во социјалниот центар „Дуња“ утре (сабота, 9 ноември) од 20 часот ќе настапуваат „Dogs in Kavala“.

Според најавите, се работи за три млади момци произлезени од свежата музичка сцена од Белград, Србија.

„’Dogs in Kavala’ ја мешаат опуштеноста на стариот калифорниски рокенрол со потемни звуци од белградскиот нов бран од 80-ите. На сцената се појавија со евергрин хитот ‘Хвала ти што постоиш’ и брзо ги освојуваа срцата на регионалната публика. Нивните настапи се карактеризираат со блиска и динамична врска со публиката и заедничко пеење“, се вели во најавата за настанот.

Составот моментално ја прави првата голема турнеја и тоа низ Балканот – Бугарија, Грција, Македонија, Косово и Србија.

Влезот ќе биде на препорачана донација за артистите.