Доделени наградите за „Најбезбедно и најчисто училиште“

Министерството за образование и наука ги додели наградите за „Најбезбедно и најчисто училиште“, за кои годинава конкурирале 18 основни и 6 средни училишта.

Од основните, првото место му припадна на ОУ„Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија, второто место го доби ОУ„Климент Охридски“ од село Драчево, а на трето место се најде основното општинско училиште „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод. За најбезбедни и најчисти средни училишта пак се избрани СУГС„Владо Тасевски“ и СУГС„Никола Карев“ од Скопје.

МОН во соработка со ОБСЕ овој натпревар го организира втора година по ред.