Доделени наградите Цезар на француската филмска академија

„Момци и Гијом на маса!“ триумфираше на 39-та Церемонија на Цезарите, организирана синоќа во Театарот Шатле во Париз, јавува дописникот на МИА од Париз.

Доделени наградите Цезар на француската филмска академија

Првиот долгометражен филм на Гијом Галијен на авторот му го донесе цезарот за најдобар филм, најдобар прв филм, за најдобра адаптација, најдобар актер – сите четири Цезари отидоа во рацете на Гијом Гијом, бидејќи Секретарот на Француската комедија самиот ја прилагоди театарската претстава во филм, неговиот филм го доби и Цезарот за најдобра монтажа.

Покрај петте Цезари за еден ист филм, другите трофеи на француската филмска академија отидоа кај вкупно 11 филмови „Екстравагантното патување на младиот и феноменалниот ТС Спивет на Жан-Пјер Жено (најдобра фотографија) „Мајкл Колхас“, на Арно Паллиер (најдобар звук, најдобра музика за Мартин Вилер), „Пената на денот, Мишел Гондри (најдобра сценографијата), „Реноар“ на Жил Бурдос (најдобар костим), „Непознатиот од езерото“ на Алан Жиродо (најдобар машки дебитант за Пјер Деландошам), „Кеј д’Орсеј“ на Бертран Таверние (најдобра споредна машка улога за Нилс Ареструп) и „Сузан“ на Кетл Килевере , (најдобра споредна женска улога за Адел Хаенел).

Роман Полански за „Венус во крзно“ го доби четвртиот за него Цезар како режисер по тие добиени за „Тесс“, „Пијанист“ и „Гоуст Врајтер“, додека „9 месеци затвор“ на Алберт Дипонтел доби најдобар Цезар во категоријата сценарио и за најдобра актерка кој заврши во рацете на Сандрин Киберлан.

„Животот на Адел“ на Абделлатиф Кешиш, награден во Кан, доби само Цезар на најдобра женска надежна актерка за Адел Егзархопулос.

Актерката Жули Гаје, номинирана за споредна женска улога во „Кеј д’Орсеј“, се појави на церемонијата, но не доби награда.

Квантан Тарантионо го додели почесниот Цезар на Скарлет Џонсон.

Наградата за најдобар документарен филм заврши во разцете на Паскал Плисон, за „На патот за на училиште“, за најдобар анимиран филм за Ерик Омонд за „Лулум неверојатната тајна“, најдобар странски филм за „Алабама Монрое“ на белгиецот Феликс Ван Гроенинг, кој беше отсутен, најверојатно во Калифорнија за церемонијата на Оскарите за кои е номиниран неговиот филм, исто како и лауреатот за најдобар краткометражен филм Ксавие Легран за „Пред да изгубам се“.