DJ Snake ќе настапи на ЕГЗИТ фестивалот во јули

Диџеј Снејк (DJ Snake)еден од најпопуларните музички изведувачи на светот и автор голем број глобални хитови, го потврди својот настап на главната бина на ЕГЗИТ фестивалот, во сабота, 6-ти јули.

Мегахитовите кои ги потпишува францускиот суперстар, како „Taki Taki“, „Lean On“, „Turn Down for What“ и други успеаја да стигнат до вртоглави осум милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања и пет милијарди слушања на „Спотифај“. Неговиот хит „Taki Taki“, на кој гостуваат Карди Би и Селена Гомез, за само четири месеци надмина милијарда видео прегледувања, бројка која ниту едно друго видео ја нема достигнато за тој временски период.

Популарниот парижанец денес е хедлајнер на најголемите светски фестивали, како што се „Коачела“, „Лолапалуза“, „Тумороуленд“ и многу други. Диџеј Снејк е добитник на две „Билборд“ и една „Ем-ти-ви“ награда, а првата „Греми“ номинација му ја донесе соработката со Лејди Гага на албумот „Born This Way“.

Талентираниот Французин со алжирско потекло го објави албумот „Encore“ во 2016-та година, како и вкупно 23 синглови, од кои повеќето се позиционираа на топ листите ширум светот. Последниот во низата, „Taki Taki“, се искачи на првото место во дури петнаесет земји. Омаж на неговиот оригинален музички стил даде и магазинот кој претставува Библија во музичката сцена, „Ролинг Стоун“, наведувајќи дека „Диџеј Снејк ја усовршува својата сопствена отровна, непопустлива, архетипска верзија на бас музика, на која можете да скокате горе-долу“. Диџеј Снејк е дел и од „Пардон мај френч“ (Pardon my French), француски диџејски колектив, и основач на сè повеќе популарната издавачка куќа „Премиер Клас“ (Premiere Classe).

На Петроварадинската тврдина на наредното издание на ЕГЗИТ фестивалот од 4-ти до 7-ми јули ќе зачекорат некои од најактуелните имиња, но и живи легенди на светската сцена, меѓу кои се рок титаните „Д Кјур“, рок бендот за кој моментално најмногу се пишува, Греат Ван Флит, најпознатиот диџеј на сите времиња Карл Кокс, официјално најпопуларниот диџеј тандем Димитри Вегас и Лајк Мајк, хитмејкерите Лост ФриквенсисСофи Такер и Том Вокер. Тука се и Масео ПлексШарлот Де Вит, Борис Брејча. Пеги Гу, Џеф Милс, Амели Ленс, Дакс Џеј, Фил Анселмо, Тарја Турунер, но и плејада други сјајни бендови и изведувачи, од кои голем дел ќе бидат објавени во наредните недели.

Влезниците за ЕГЗИТ може да се набават преку официјалната страница на Фестивалот exitfest.org и официјалниот тикет-сервис за ЕГЗИТ во Македонија www.mktickets.mk .