Дискусија за образованието денеска во кампот пред Влада

„Дали е возможно квалитетно образование преку лоши законски решенија?“ е темата на денешната дискусија која ќе се одржи во кампот пред Влада, на 17-иот ден од поставувањето на шаторите пред владиниот објект.

Во дискусијата ќе учествуваат Петар Атанасов од комисијата за образование на СДСМ, наставникот Владо Димовски, професорот во средно образование Енвер Ајдини и средношколците Ангела Најдоска и Александар Милески.

По дискусијата, на бината ќе настапи претседателот на подмладокот на СДСМ Стефан Богоев со едночасовен диџеј сет, а во 21 часот ќе биде ДЈ Фиќо.

Редовните активности и хуманитарниот базар во кампот продолжуваат и денеска. Според граѓаните и активистите кои кампуваат повеќе од две недели, шаторите ќе останат додека сегашната Влада не си поднесе оставка и не се формира преодна Влада.