Национален младински совет на Македонија во партнерство со Младински образовен форум и Млади европски федералисти на Македонија организираат јавна дебата насловена „Патоказ за младинските приоритети“.
Целта на настанот е покревање на дискусија за младинското учество и организирање, како и давање препораки за подобрување на положбата на младите во Македонија.
Говорниците ќе дадат осврт и на креираните препораки на граѓанскиот и младинскиот форум кој се случи во Трст, како и препораки за Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.
Агенцијата за млади и спорт ќе го претстави својот план за работа и соработка со младинските организации и младите, како и механизмите за нивно учество во процесите на носење на одлуки.
Говорници на младинската конференција ќе бидат:
Панел 1:
Н.Е. г-ѓа Кристине Д. Алтхаузер, Амбасадорка – Германската амбасада во Македонија;
Н.Е. г-дин Кристијан Тимониер, Амбасадор – Француска амбасада во Македонија;
Дарко Каевски, Директор – Агенција за млади и спорт;
Блажен Малески, Претседател – Национален младински совет на Македонија;
Панел 2
Ивана Туфегџиќ, Пратеничка – Собрание на Република Македонија;
Дона Костуранова, Извршна директорка – Младински образовен форум; учесничка на Форумот за граѓанско општество во Трст;
Владимир Ѓоргиевски, Координатор – ЦЕД Теарце; учесник на младинска конференција во Трст;
Анелија Митрова, Координатор – Младински сојуз – Крушево; учесничка на младинска конференција во Трст.
Дискусијата е закажана за во вторик, 18 јули, во ГЕМ клуб (Менада), со почеток од 11 часот.