Дискусија за младинската невработеност денеска во кампот пред Влада

Во кампот поставен пред Владата, денеска со почеток од 19 часот ќе се одржи дискусија на тема „Младинска невработеност”.

Во дискусијата свои обраќања ќе имаат Исидора Сидоровска, експерт за младинска политика, Владимир Јовановски, млад невработен граѓанин од Прилеп, Дина Спировска од СДММ, како и Александар Колекески од Македонски центар за европско образование. Модераторка на дискусијата ќе биде Светлана Силјаноска.

По дискусијата, од 20:30 часот ќе започне диџеј сет на Роберт Алаѓозовски.

Во меѓувреме, продолжува собирањето средства за помош на мигрантите кои поминуваат низ државата.