Дискусија: Полицијата и корисниците на дроги

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ХОПС во четврток во 18:00 часот во клубот ГЕМ организираат дискусија на тема „Полицијата и корисниците на дроги“ .

На настанот ќе се одржи промоција и на прирачникот за корисници на дроги при контакт со полиција на Коалицијата и ќе биде промовиран третиот број на списанието „Дроги – политики и практики“. Тема на списанието овој пат се политиките за намалување на штети – Вања Димитриевски (ХОПС).

На дискусијата ќе се разговара за односот на полицијата кон корисниците на дроги, дискриминацијата и прекршувањето на човековите права на оваа маргинализирана заедница од страна на полицијата. Дали ситуацијата е подобрена? Што може да се направи за корисниците на дроги да не бидат жртви на полициска бруталност?

Говорници на дискусијата ќе бидат:
Жарко Трајановски, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници
Влатко Деков, ХОПС
Жарир Симрин, ХОПС
Ивана Драгшиќ, активистка
Модераторка: Драгана Дрндаревска, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници