Дискусија: Како полесно до виза за волонтери од Европски солидарен корпус?

Центарот за младински активизам КРИК организира панел дискусија на тема: Како полесно до виза за волонтери од Европски солидарен корпус?

Настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од Ковид-19, во во петок (17 јули) во дворот на Младинскиот културен центар во Битола, со почеток од 13 часот.

Говорници на дискусијата ќе има од Министерството за внатрешни работи, бидејќи го регулира престојот на волонтерот по добивањето на виза, но и од Центарот за младински активизам КРИК.

На самата дискусија присутните ќе имаат прилика да слушнат за сите чекори од процесот на издавање на виза за волонтери.

Присуството може да се пријави на следниот ЛИНК.