Дискусија: Како луѓето со нарушено ментално здравје да се интегрираат во општеството?

Како луѓето со нарушено ментално здравје можат да се интегрираат во општеството, да создаваат пријателства, врски, семејства? Како тие можат да бидат работоспособни и колку системот им дава шанса да го остварат своето право на вработување, да бидат самостојни и да имаат достоиствен живот?

На оваа тема ќе зборуваат професионалци од областа на здравството и социјалата, но и самите граѓани кои се соочуваат со овие предизвици на пандел дискусијата што ја организира Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла.

На панел дискусијата ќе говорат:
– д-р. Мирјана Јовановска Стојановска, психолог, претседател на
Комората на психолози на Македонија
– Барбара Садовска, психолог, претседател на Фондацијата за взаемна
помош Барка од Полска
– Јасмина Калеовска, социјален работник
– Елизабета Крстеска, членка на Асоцијација Мисла и
– Стефанија Граовац, членка на Асоцијација Мисла.

Тие ќе се осврнат на темите:
– Кои се проблемите на работното место, односите со колегите
– Невработеност, можности за вработување, предрасуди кај работодавците
– Способност за работа и стекнување работни навики
– Поддршка наспроти помала вредност од семејството и роднините
– Поддршка, потсмев, критика и избегнување од пријателите и другарите и
опасност од социјално исклучување и
– Интимни врски, брак и основање семејство.

Настанот ќе се одржи во четврток, (3-ти декември) со почеток од 12:00 часот. Ќе биде достапен онлајн на платформата ZOOM преку следниот ЛИНК  (Meeting ID: 890 3385 6949), без претходна најава.

За оние, пак, кои немаат технички можности може да го следат директн во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје на улица „Св. Кирил и Методиј бр.50“, но бројот на присутни ќе биде строго ограничен. За присуството таму задолжителна е претходна најава на: info@misla.org.mk или association.misla@gmail.com, пред 01.12.2020 година.