Дискусија „Борба, не кафана“ на 7 март во „Менада“

„Борба, не кафана“ е темата на панел дискусијата на 7 март во „Менада“, на која гостинките и гостите ќе дискутираат за правата на жената, за потребата од борба, а не пригодно одбележување на Денот на правата на жените, за злоупотребите, дискриминацијата…

„Покрај напредокот на општеството и развојот на свеста кај луѓето, сепак, голем дел од жените се соочуваат со сериозни и реални проблеми кои се многу поголеми од тоа во која кафана ќе се прослави Денот на жената или колку пари ќе се дадат за подарок за наставничката“, велат од ЦИВИЛ, организаторите на настанот.

Од таму потенцираат прашањето на коешто ќе се обидат да одговор  соговорничките и соговорниците е „како да се избориме за правата на жената кога не ја разбираме суштината на 8 март“.