ДИК официјално: ВМРО-ДПМНЕ 51, СДСМ 49, ДУИ 10 пратеници

Државната изборна комисија на пресконференција ги објави првичните резултати и распределба на мандати по изборни единици.

Вкупно ВМРО – ДПМНЕ освои 51 пратеник, СДСМ – 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијанса за Албанците 3 и ДПА 2 мандати.

По изборни единици.

Изборна единица 1: ВМРО-ДПМНЕ – 8, СДСМ – 10, БЕСА – 1, ДУИ – 1

Изборна единица 2: ВМРО-ДПМНЕ – 9, СДСМ – 8, ДУИ – 2, БЕСА – 1

Изборна единица 3: ВМРО-ДПМНЕ – 11, СДСМ – 9

Изборна единица 4: ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 10

Изборна единица 5: ВМРО-ДПМНЕ – 9, СДСМ – 9, Алијанса за Албанците – 1, ДУИ – 1

Изборна единица 6: ВМРО-ДПМНЕ – 4, СДСМ -3, БЕСА – 3, ДУИ – 6 Алијанса за Албанците – 2, ДПА – 2

Информациите доаѓаат цели 26 часа по затворањето на гласачките места и по големиот број на шпекулации во јавноста за тоа која партија освоила најголем број пратенички мандати, но и сомнеж зошто од ДИК немаше официјални податоци толку долго време.

Десетина граѓани, уште пред да започне пресконференцијата, се собраа пред просториите на ДИК. Кога беа соопштени резултатите, кратко прославија со извици, по што ја напуштија локацијата.