„Девојчето со балон“ од Бенкси прогласено за најомилено уметничко дело во Британија

Уличниот уметник Бенкси ги победил најпознатите британски сликари како Тарнер и Констабл во анкета за најомиленото уметничко дело на нацијата.

Неговиот познат мурал „Девојчето со балон“ направен на продавница во источен Лондон пред 15 години, се нашол на првото место во анкета на која 2.000 луѓе го бирале омиленото британско дело од поширока листа направена од уредници на уметнички рубрики и писатели.

Помеѓу најдобрите 20 се избрани и омотите за албумите на Битлси, Пинк Флојд и Секс Пистолс.

Второто место припаднало на пејзажот „Кола со сено“ на Џон Констабл од 1821 година, додека на трето место сликата „Распеаниот Батлер“ на Џек Ветриано од 1992 година.

Омотите на албумите на Битлси и Пинк Флојд се најдоа на 8 и 9 место