„Девојче на месечината“ ќе биде претставена во Штип и Скопје

Новата книга-сликовница „Девојче на месечината“ на издавачката куќа „Стрип квадрат“, чиј  автор е Александар Стеванов, денеска и утре ќе биде промовирана во Штип и Скопје.

Сликовницата нуди интересно патување низ галаксијата, со самолепливи сликички со сите 88 соѕвездија. Едно мало девојче разочарано од неправдите на Земјата ќе реши да отпатува кон ѕвездите и да стигне до Месечината, верувајќи дека таму ќе ја најде убавината и еден многу поправеден свет.

Според „Стрип квадрат“, ова е расказ кој на суптилен начин потсетува на култниот „Малиот принц“ на Сент Егзипери, а илустрациите отвораат фантастичен свет.

„Девојче на Месечината“ ќе биде промовирана денеска во родниот град на авторот, Штип, а утре ова издание ќе може да се види во Скопје во кафе „Ли“ во 13 часот.