Детски маскенбал во недела во ЗОО Скопје

Во недела (31 март) во ЗОО Скопје од 13 часот ќе се одржи голем детски маскенбал.

„Добредојдени сте сите кои уживате во маскирањето. За сите маскирани дечиња подготвивме изненадувања од нашите пријатели: Тинекс, Винчини, Халк Банк, Вива и Пелистерка. За најдобрите маски следуваат награди!“, соопштуваат од Зоолошката градина.

Пред да започне маскенбалот, од 12 часот во Зоолошката ќе се одржи „Зеленковци“ – едукативна еко претстава за најмалите.