„Desonanz Festival 2022“ во Кинотека

Почнувајќи од петок, 15 јули и преку целиот викенд, Фестивалот „Десонанс“ ќе понуди серија на настани кои се фокусираат на македонската современа музика и култура.

Во рамки на фестивалот, во дворот на Кинотека, публиката ќе има можност премиерно да го слушне новиот материјал на велешкиот мултимедијален артист Audio Portmanning.

Со настап во живо на Тони Димитров, ќе биде одржана концертната промоција на албумот „The Story of Utopias“.

Димитров е композитор и продуцент чија долгогодишна работа во полето на амбиенталната музика и употребата на теренски снимки го прави еден од пионерите на експерименталната електронска музика во Македонија.

Фестивалската програма ќе продолжи во соработка со скопското „Амок“ радио, a ќе се престават Soul Case, K-R-K и NastasyaKish – диџеи, кои се претставени од организаторите како дел од новиот бран на македонската електронска сцена кои го дрмаат подиумот низ скопските клубови.

Програма по денови може да ја проследите тука.

Музичките настани ќе бидат проследени со видео проекции од филмскиот опус на младиот надежен режисер Илија Павлов.