DE:SONANZ FESTIVAL 2015 на повеќе локации низ Скопје од 4-7 септември

Фестивалот за електронска музика и медиумска уметност De:sonanz за своето седмо издание најавува врвни артисти со внимателно одбрана програма од околу 40 музички настапи, изложби и мултимедијални перформанси.

Од денеска, фестивалот започна со објавување на програмата за оваа година. Првиот кој беше најавен како главен гостин е Robert Henke од поранешниот берлински електронски состав Monolake.

Предвидено е да има четири објави на официјалната Фејсбук страница со кои ќе се најавуваат главните настапувачи, а ќе бидат проследени со наградна игра. Секој Фејсбук корисник ќе треба да ја сподели сликата со најавениот артист со што влегува во игра за освојување блок-карта за De:sonanz 2015. Добитниците ќе бидат избрани по случаен пат и објавени на крајот на промоцијата. Еден корисник може да учествува максимум 4 пати.

Целата програма на фестивалот ќе биде објавена утре.