Десничарски терорист обвинет за убиството на Џо Кокс

Томас Мер е прогласен за виновен за убиството на британската пратеничка Џо Кокс, член на Лабуристичката партија.

На поротата во „Олд Бејли“, односно Централниот кривичен суд на Лондон, и требаа само 90 минути да одлучи дека 53-годишниот Мер е виновен за убиството на Кокс, за сериозна телесна повреда на случаен минувач кого го прободел, како и за нелегално поседување на пиштол и бодеж кои ги искористил во нападот.

Мер ја уби мајката на две деца и активистка за гласање против Брегзит, една недела пред референдумот.

Радикалецот, кој не приложил никакви докази за негова одбрана, извикал „Британија на прво место“, пред да испука три куршуми воКокс и да ја прободе 15 пати.

Соработничката на Кокс која била сведок на настанот, Сандра Мејџор, го опишала пред поротата инцидентот: „Тој маваше кон нас со ножот, а Џо лежеше на патот извикувајќи „Одете си, одете си вие двајцата. Нека ме повреди мене. Не му давајте да ве повреди и вас“.

Два дена после убиството, Мер беше доведен пред суд во Вестминстер, под протокол за терористички напади.

Кога од него побарале да го каже своето име, обвинетиот, кого соседите го опишуваат како срамежлив самотник, рекол: „Смрт за предавниците, слобода за Британија“.

„Мер не понуди никакво објаснување за неговите дела, но обвинителството можеше да покаже дека, мотивирани од омраза, неговите претходно мотивирани кривични дела не се ништо помалку од терористички акти, смислени за да ја реализира неговата изопачена идеологија“, изјавила Сју Хеминг, директор на одделот за посебен криминал и контратероризам.