Десетици повредени во протестите поради пресудата за „Монструм“

Ситуацијата во Скопје во моментов е смирена, но сè уште тензична, по насилствата што избија меѓу полицијата и демонстрантите на протестите поради незадоволството од судската пресуда за случајот „Монструм“, јавува Радио Слободна Европа.

Untitled

Во МВР соопштуваат дека 20-тина повредени полицајци, и неколкумина демонстранти, а шестмина учесници во протестите се приведени.

„Дел од полициските службеници се со тешки телесни повреди. Околу карактерот на повредите ќе чекаме да се произнесат соодветни медицински лица, тоа што можеме да го кажеме во моментов е дека не станува збор за живото-загрозувачки повреди“, изјави на прес конференција Иво Котевски, портпарол на МВР.

​Возила на итната помош и санитетски полициски возила постојано превезуваа повредени за време на насилните судири. Од една страна демонстрантите фрлаа со камења, тули, шишиња и пиротехника кон полицијата, од друга страна полицајците одговараа со солзавец, шок бомби и водени топови.

По насилствата Чаир и Бит Пазар останаа со искршени излози на дуќани, оштетени возила, превретени и запалени контејнери и камења и тули по улиците. Комуналните служби веќе го расчистуваат теренот.

Извор:  Радио Слободна Европа