Промовирани десетици нови емотикони кои покажуваат дека сите жени се прекрасни

За сите што се незадоволни од тоа постојано да избираат исти и предвидливи женски емотикони, Гугл објави дека „Unicode Consortium“, непрофитна организација која се развива и промовира интернационални софтверски стандарди, се согласи да се додаде 11 нови ликови кои прикажуваат жени со различна боја на кожата.

Новите емотикони кои ќе можат да се испраќаат во текстуалните пораки ја покажуваат жената како земјоделец, заварувач, механичар, здравствен работник, научник, бизнисменка, готвачка, студентка, наставничка, но и како рок-ѕвезда, налик на Дејвид Боуви.

https-%2F%2Fblueprint-api-production.s3.amazonaws.com%2Fuploads%2Fcard%2Fimage%2F145631%2FScreen_Shot_2016-07-14_at_4.24.54_PM

„Unicode“, исто така, додаде женска верзија на 33 веќе постоечки емотикони, како што се тркач, велосипедист, полициски службеник, сурфер, детектив.

Новите емотикони се развиени на предлог доставен од страна на четворица службеници на Гугл, до „Unicod“, на почетокот на оваа година, а во пресрет на јавна дебата во врска со недостатокот на женски емотикони.

Со нивниот предлог се бара додавање 13 нови женски емотикони за “подобро да ја одразат клучната улога жените во светот.”