Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“

Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис го организираат денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Настанот ќе се одржи на 20 март во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала со почеток од 10 часот.

Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“

Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата Youthspark и апликациите за Сајбер грантови. Присутните претставници на граѓанскиот сектор ќе имаат можност и да дискутираат околу употребата на технологијата и социјалните мрежи за постигнување на подобро онлајн присуство и достапност до граѓаните.

Заинтересираните за учествуво на настанот треба да го пополнат следниот формулар: http://0.mk/msngoMK. Хаштаг за настанот е: #msngoMK, додека агендата за настанот може да се види ОВДЕ.