Летовите од градскиот аеродром во Лондон се откажани откако демонстранти ја окупираа пистата, пренесува агенцијата Мета.
Од полицијата наведуваат дека околу 5:40 часот по локално време биле повикани на аеродромот, бидејќи демонстранти влегле на пистата.
На социјалните мрежи објавени се фотографии на група млади луѓе кои лежат на пистата, а покрај нив се гледаат пароли „Black lives matter“, слоган на низата протести по неколку убиства на Афроамериканци во САД.
Според полицијата, на пистата има девет демонстранти кои се заклучиле заедно за столб. Полициски службеници преговараат со демонстрантите, а воедно чекаат да дојде екипа за да ги отклучи.
Apparently activists supporting Black Lives Matter movement are behind the London City Airport runway protest #LCY pic.twitter.com/vegxlkzXZr
— Hazel Baker (@HazelBakerSky) September 6, 2016
Од движењето „Black lives matter“ наведуваат дека целта на протестот е да се подигне свеста за загрозувањето на животот на Афроамериканците.
„Аеродромите, нуклеарните електрани и најпрометните патишта секогаш се во области во кои живее работничката класа, а тоа се области со голем број црнци. Расизмот според животната средина значи дека црнците во Британија се за 28 проценти повеќе изложени на загадување на воздухот од белците“, се наведува во снимката објавена на „Фејсбук“.
Летовите за Цирих и за Женева се откажани, а летовите од Ротердам, Луксембург, Њујорк и од Франкфурт се пренасочени на друг аеродром.