Дефиле на дувачкиот оркестар во Градски парк

Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар-Скопје, денеска (05 април) во 11 часот, во Градскиот парк во Скопје, ќе има параден настап.

Парада на дувачкиот оркестар во Градскиот парк

Музичарите од Градскиот дувачки оркестар, свирејќи ќе се движат од Фонтаната „Лотосов цвет“, до летната сцена „Школка“ во близина на поранешниот ресторан „Езерце“.

Оркестарот во рамки на саботното парадно дефиле, еден час ќе ги изведува композициите таканаречени чекорници и делови од најпознатите светски маршови соодветни за ваков тип настапи.