Дебата за влијанието на ЕУ изборите врз Северна Македонија во Ректоратот на УКИМ

Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје и Македонското политолошко друштво денес од 12 часот во Ректоратот на УКИМ организираат академска дебата на тема „Влијанието на ЕУ изборите врз процесот на интеграции на Западен Балкан со посебен осврт на Република Северна Македонија“.

„Имајќи ги во предвид резултатите од изборите за Европскиот Парламент, целта на оваа академска дискусија е да се покрене дебата за влијанието на новиот состав во Европскиот Парламент врз процесот на зачленување на Република Северна Македонија и регионот во ЕУ“, најавуваат организаторите.

На академската дебата воведничар ќе биде Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, а свои излагања ќе имаат:

  • проф. д-р Иван Дамјановски, Правен факултет-Скопје
  • проф. д-р Никола Дујовски, Факултет за безбедност-Скопје
  • проф. д-р Горан Илиќ, Правен факултет-Кичево
  • проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет-Скопје
  • проф. д-р Ирена Кикеркова, Економски факултет-Скопје
  • м-р Драган Тилев, Сектор за европски прашања при Владата на РСМ
  • проф. д-р Ветон Љатифи, Универзитет на Југоисточна Европа
  • проф. д-р Даниела Мамучевска, Економски факултет-Скопје

Пред оддржување на дебатата од страна на Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски и Претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски ќе потпишат Меморандум за унапредување на заедничката соработка во функција на развивање на активности.