Дебата за улогата на професорите во квалитетот на образованието

Дебата за улогата на професорите во квалитетот на образованиетоДебатниот клуб на СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, утре организира јавна дебата на тема „Професорите треба да бидат платени во зависност од успехот на своите ученици“.

Дебатата е дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и ќе се одржува во холот на училиштето, со почеток во 12:00 часот.

Тимовите поделени во афирмативен и негациски тим ќе бидат ставени во позиција да размислуваат за квалитетот на образованието, улогата на професорите и учениците во создавање на поголема едукација и вештини за време на средното образование.

Членовите на Дебатниот клуб, веќе неколку месеци имаат редовни неделни предавања за дебата каде што стекнуваат ораторски вештини, ги зголемуваат своите аналитички способности и се дружат со своите врсници, припадници на различни етнички заедници и култури.

Оваа активност е реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум, која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.