Дебата на Радио МОФ: Волонтирањето е трошење време

Диверзити медиаВолонтирањето е трошење времеˮ е темата на новата, единаесетта по ред радио – дебата на Здружението Диверзити Медиа од новиот проект „Дебатирањето менуваˮ. Таа ќе се емитува денеска (3 декември) од 13 до 14 часот на Радио МОФ. На темата ќе дебатираат Дина Митровиќ од Здружението Младински Клуб, Душан Миланов од Одделот за кариера и алумни при Државниот универзитет „Гоце Делчевˮ во Штип и Душица Тренева, студент – волонтер.

Ова е една од четирите радио – дебати што се организираат во градови низ Македонија. Овој пат, таа се организираше во Штип, во студентското радио на Државниот универзитет „Гоце Делчевˮ.

Овие дебати пак, се дел од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што ќе се емитуваат секој вторник во истиот термин на Радио МОФ, во периодот од септември до декември годинава.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Повеќе за проектот може да прочитате ОВДЕ.